Дијалектен збор - категорија

лаана повеќе

мн. лаани
Вид збор: Именка, женски род
зелка
Англиски: cabbage Турски: lahana Албански: lakër

лавеж повеќе

Види и: лаеж (м.)
Вид збор: Именка, машки род
лаеж
Англиски: barking

лагоден повеќе

лагодни
Вид збор: Придавка
удобен
Англиски: comfortable Српски: лагодан

лајца повеќе

Види и: лажица (ж.)
мн. лајци
Вид збор: Именка, женски род
лажица
Англиски: spoon

лајчарник повеќе

Види и: лажичарник (м.)
мн. лајчарници
Вид збор: Именка, машки род
лажичарник

лакташ повеќе

мн. лакташи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се лакташи.
Англиски: elbow person

лакташи повеќе

Види и: лакти (несв.)
лакташат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) лакти
Англиски: elbow

ламка повеќе

ламкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
амка

ламња повеќе

Види и: ламја (ж.)
мн. ламњи
Вид збор: Именка, женски род
ламја
Англиски: dragon

лацне повеќе

лацнат
Вид збор: Глагол, свршен
олцне
Англиски: sob

легина повеќе

Види и: легне (св.)
легинаат
Вид збор: Глагол, несвршен
легне, легнува
Англиски: lie down

лептир повеќе

мн. лептири
Вид збор: Именка, машки род
пеперуга, пеперутка
Англиски: butterfly Српски: лептир
Примери:
лептир-машна

лествица повеќе

мн. лествици
Вид збор: Именка, женски род
дрвена преносна скала
Англиски: ladder

летламба повеќе

мн. летламби
Вид збор: Именка, женски род
Апарат со многу жежок пламен за лемење.
Англиски: blowtorch Германски: Lötlampe

лечилиште повеќе

Види и: лекувалиште (ср.)
мн. лечичишта
Вид збор: Именка, среден род
лекувалиште
Англиски: sanatorium

лешка повеќе

Види и: лешник (м.)
мн. лешки
Вид збор: Именка, женски род
лешник
Англиски: hazelnut Албански: lajthi

лешканик повеќе

Види и: лескарник (м.)
мн. лешканици
Вид збор: Именка, машки род
лескарник
Албански: vend për lajthi

лешпер повеќе

мн. лешпери
Вид збор: Именка, машки род
мрзливец, угурсуз
Англиски: idler
Примери:
Овој син ми, тежок лешпер, ќе умре од жед, а опашот му е во вода.

лештан повеќе

Види и: лешник (м.)
мн. лештани
Вид збор: Именка, машки род
лешник
Англиски: hazelnut Албански: lajthi

ливец повеќе

мн. ливци
Вид збор: Именка, машки род
леар
Англиски: founder Српски: ливац
Примери:
ливец на железо

ливница повеќе

мн. ливници
Вид збор: Именка, женски род
леарница
Англиски: foundry Српски: ливница

лилјаче повеќе

мн. лилјачиња
Вид збор: Именка, среден род
јоргован
Англиски: lilac Албански: jargavan, lilak
додола, додоларка
Албански: dodole, grua në ritual folklorik në disa shtete Evropjane

лиот повеќе

Види и: ливот (м.)
мн. лиоти
Вид збор: Именка, машки род
диво животно
Англиски: beast
Примери:
Кучињата однатре се вдадоа како на лиот.

литмара повеќе

мн. литмари
Вид збор: Именка, женски род
бубамара
Англиски: ladybird Албански: mollëkuqe
За жена - што е лесна во умот.
Англиски: tramp Албански: lavire
Примери:
Литмара е таа жена, кај не ја сееш, таму ќе никне.

ловор повеќе

Види и: лавор (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Дрво со ароматични листови што се употребуваат како зачин.
Латински: Laurus nobilis Англиски: laurel Српски: ловор Албански: dafinë

ловорики повеќе

Вид збор: Именка, множина
Венец од ловор, што се дава на победници.
Англиски: laurel wreath Српски: ловорике Албански: kurorë dafine
Примери:
Се одмора врз ловориките.

ловоров повеќе

Види и: ловор (м.)
ловоровиот
Вид збор: Придавка
Што е од ловор.
Српски: ловоров Албански: dafine
Примери:
ловоров венец

лоеница повеќе

мн. лоеници
Вид збор: Именка, женски род
Свеќа направена од лој.
Англиски: stearin candle
Примери:
Во собата светеше слабо светло од лоеница.

локан повеќе

мн. локани
Вид збор: Именка, машки род
Метален сад во кој се става распален дрвен јаглен или жар за загревање на соба, јадење и друго.

лонец повеќе

мн. лонци
Вид збор: Именка, машки род
Голем и длабок валчест емајлиран сад со една или со две рачки од страна, што служи за готвење или чување храна.
Англиски: pot
Примери:
Црпеше манџа од големиот лонец.

лост повеќе

мн. лостови
Вид збор: Именка, машки род
Железен или дрвен стап за потпирање или затворање врата.
Англиски: bar Албански: shufër

лужина повеќе

мн. лужини
Вид збор: Именка, женски род
алкален раствор
Англиски: lye Српски: лужина
Примери:
Подот се пере со блага лужина.

луканка повеќе

мн. луканки
Вид збор: Именка, женски род
Вид колбас (обично димен).
Албански: salciçe Бугарски: луканка
Примери:
Го наполни торбето со луканка, кромид и леб.

лумперај повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Забава без да се мисли на трошоците.
Српски: лумперај

луталица повеќе

Види и: лута (несв.)
мн. луталици
Вид збор: Именка, машки род
скитник
Англиски: tramp
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш